Во соопштението на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, стои дека Струга може да биде пример на меѓусебно почитување на етничките заедници, односно пример каде навистина би можеле да се применуваат сите придобивки кои Владата ги овозможува.

Непобитен факт е дека правичната застапеност на Македонците во органите на локалната самоуправа во Струга не е на нивото на рамковниот договор на кого толку се повикуваат македонските Албанци. Во Струга најголема и најсилна советничкагрупа е ЗАЕДНО ЗА СТРУГА,  која брои 11 советници составена од Македонци и Власи.Во градот, најсилниот политички субјект не смее да биде игнориран, во Советот  на Струга и во општината воопшто, особено затоа што тоа ќе значи дискриминација по етничка основа и ќе  биде во спротивност со рамковниот договор.“ – стои во соопштението.

Оттаму велат дека новиот градоначалник Зијадин Села, не смее да дозволи да се случи надгласување по етничка и верска основа, бидејќи граѓаните бараат подобар живот, подобар стандард, работа и инвестиции.

Во Советот на општина Струга претседателот на советот треба да биде од редовите на најголемата етничка заедница, македонската, особено затоа што градоначалникот е од редовите на македонските Албанци. Тоа би бил еден компромис ,кој нуди доверба меѓу ентитетит, застапеност на најмоќните политички фактори, а резултатот би бил од интерес за сите граѓани. Акцентот би бил на економско развојната компонента , наместо на етно радикализмот.“ – додаваат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Струга.

Понатаму во соопштението се вели дека не смее да се дискриминираат стручните и образовни кадри, особено на македонското мнозинство во Струга на кое во овој момент  му се занемарени правата според рамковниот договор.

Не смее да има двојни аршини. Едни за на централно ниво каде Рамковниот договор Македонците го почитуваат , а други на локално ниво каде Македонските албанци го изигруваат. Ние стружаните сакаме да ги слушнеме овој пат ,амбасадорите во нашата земја, можат ли да бидат принципиелни и да зборуваат и толкуваат со ист аршин за сите, или во овој случај ке молчат и никаде ке ги нема?“ – велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Струга.

Тие ги покануваат амбасадорите во земјава, Волерс, Шчербак, Кристиани, Стеинакер, Баер, Шуман и Ивона, да дојдат во Струга и да го пренесат нивниот став и искуство, односно чувството за компромис и толеранција.

Отворено, искрено, но одлучно ќе разговараме. Знаеме дека демократијата бара меѓу другото и искреност. Граѓаните на општина Струга излегоа во голем број за да дадат подршка за развојот и просперитетот, нивниот глас треба и мора да се почитува.Се друго би било рушење на основните човекови права и кршење на постулатите врз кој се темели Рамковниот договор кој треба и мора да важи за сите.“ – додаваат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Струга.

OhridNews