ВМРО-ДПМНЕ : Продолжува сагата наречена беспредметни соопштенија на СДСМ
25.02.14 15:36
Имајќи ги во предвид напорите на Владата на Република Македонија и на сите засегнати страни во решавање на случајот со фабриката ЕМО, СДСМ на бесполезен начин се обидува да кокетира со одредена категорија на засегнати работници. СДСМ се користи со лаги и манипулации, бидејќи на вработените во ЕМО производство им се исплатени шест редовни плати, а за истиот погон е обезбедена работа за половина од 2014 година, се наведува во реакцијата на општинската ВМРО- ДПМНЕ по денес изнесените обвинувања од ОО на СДСМ во врска со вработените во ЕМО Охрид и можноста за искористување на правото врз основ на законот за стечајните работници.
– Во однос на стечајните работници од ЕМО укажуваме дека сите оние кои ги исполнуваат условите се згрижени согласно законските процедури. Лицемерно е партијата СДСМ да реагира за ЕМО, знаејќи го фактот дека токму директорите од нејзината провиниенција, вклучувајќи го и поранешниот градоначалник Петрески остварија огромни долгови од милионски суми кога беа дел од директорската постава на оваа охридска фабрика, стои во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму, додаваат дека ВМРО ДПМНЕ е партија која се залага за трајно решавање на проблемите во фабриката ЕМО и за изнаоѓање на инвеститор кој по секоја цена ќе ги задржи работниците. Потенцираат дека владата , министрите,пратениците од ВМРО ДПМНЕ одржуваат постојани средби со цел решавање на проблемите.
На 04022026 во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген амарок“, со охридски регистарски ознак...
Аеродромот Св Апостол Павле во Охрид, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на ADP-групацијата, постигна Ниво 2-Aкредитација за управување со емисии на јаглерод на аерод...
Февруари, месецот на виното и љубовта, во Охрид поминува во знакот на убавите вкусови и романтичната атмосфера По тој повод, винаријата Далвина реализира специјална кампања со атрактивни цени на св...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.