
– Очигледен е стравот и фактот дека не сте излегле на терен и не сте се сретнале со граѓаните за да ги слушнете и да ви ја кажат вистината. Една од најфреквентините улици токму во с. Лескоец, „Илија Смически“ доби нов современ лик. Во должина од 1100 метри и ширина на коловозот од 3 до 4.5 метри. На асфалтирањето му претходеше нова фекална канализација по должината на патот и поставување нов тампон. Асфалтирани се и три краци од улицата „Илинденска“. На оваа јавна површина асфалтирани се: Крак 1 со должина од 378 метри квадратни, Крак 2 должина од 408 местри квадратни, крак 3 со должина од 719 метри. На улица Илиндеска асфалтирани се вкупно 1505 метри квадратни. Вкупната вредност на проектот е 1 970 516 денари, се наведува во реакцијата.
Оттаму, додаваат дека во насока на подобрување на водоводниот систем се вршела и изведба и реконструкција на водоводна линија во с. Лескоец прва фаза и втора фаза во должина од по 500 м и Ф-160 и дека следи и трета фаза со што засекогаш ќе се отстранат проблемите со водоснабдувањето во с. Лескоец.
– И во поглед на фекалната атмосферска канализација ВМРО-ДПМНЕ секогаш мисли за граѓаните, па така во с. Лескоец исто така е реализирана изградбата на новата фекална канализација на територијата на целото село. Кога сме кај селото с. Лескоец господа од СДС излезете и кажете еден ваш проект таму или дали отворивте детска градинка во Лескоец?, се наведува во реакцијата.
OhridNews











