Како што беше кажано, од оваа партија сакаат да ја потсетат јавноста на неколкуте примери за непотизам во редовите на СДСМ Охрид како и во раководењето со локалната самоуправа.
– Градоначалникот Александар Петрески, прво го вработи во Општината својот брат Здравко Петрески, а потоа сакаше да го постави и за Претседател на комисијата за јавни набавки која што требаше да спроведе постапка за улично осветлување во градот Охрид. Оваа постапка беше спречена од советничката група на ВМРО- ДПМНЕ со иницијатива до Антикорупциската комисија. Друг пример за непотизам преставува и фамилијата Рилковски во која што синот Наум Рилковски е директор на охридската Гимназија, таткото Никола Рилковски има висока функција во Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ и е поранешен пратеник на СДСМ ,зетот Боро Шаин е директор на Јавното претпријатие „Билјани извори“. Дали и помалиот син на Никола Рилковски е вработен во општина Охрид, рече Митровиќ прашувајќи дали и членови на семејствата на поранешни и сегашни високи функционери на СДСМ од Охрид се вработени во некои од Јавните претпријатија или во општина Охрид.
Митровиќ додаде дека најголем дел од тендерите кои одат преку локалната самоуправа за патнички превоз ги добива компанијата „ПУПЕ“ компани, која што е во сопственост на близок роднина на Бранко Црвенковски.
– Ова се само дел од примерите кои укажуваат дека во Охрид, покрај сомнителното финансиско работење на општината Охрид, за што сведочат извештаите на Државниот завод за ревизија се почесто се случува и практикува непотизам во високите структури на СДСМ Охрид во услови кога Јавните претпријатија имаат проблем со својата ликвидност и не можат да исплатат плата на вработените, а општината должи над 15 милиони евра, потенцира портпаролот на општинската ВМРО- ДПМНЕ.











