Да не се плашеше СДС од сопствениот народ, локални избори заедно со нови предвремени парламентарни избори ќе имаше во првата половина на мај. Да не му беше на СДС поважна Тиранската Платформа и континуираното провоцирање на кризи, граѓаните ќе гласаа согласно законот на 7-ми или на 14-ти мај, односно за две недели од сега, велат од ВМРО ДПМНЕ по обвинувањата на СДСМ.

– Аболицираниот криминалец Зоран Заев одлучи дека му е поважно да формира Влада врз темелите на Тиранската Платформа, за да се спаси себеси и останатите од раководството на СДС од кривична одговорност. Затоа Заев упорно одбива било какво решение кое води кон излез од кризата, се обидува да ја блокира државата и бега од избори. ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДС да собере храброст и да излезе на локални избори кои би се одржале на ист трошок, заедно со предвремените парламентарни избори, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека граѓаните мора да добијат шанса да се произнесат околу намерите на Заев да воведе двојазичност на територија на цела Македонија, да воведе двојазични банкноти, да ги промени грбот, знамето, химната и името на државата и да спроведе федерализација или кантонизација, онака како што ветуваше во Швајцарија.

OhridNews