СДСМ очигледно се наоѓа пред мотивациски колапс и она што претставува визија за некаков си план за живот кој го имаат и се повторуваат со тематики од претходни изјави и пресови без притоа да дадат јасен концепт за спроведување на нивните нереални проекти меѓутоа и за нивните смешни и трагикомични критики.- се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ на денеска одржаната прес конфернција на секретарот на ОО СДСМ Охрид.
„Им препорачуваме да ја прочитаат програма РЕАЛНО на ВМРО ДПМНЕ и таму ќе пронајдат вистинска визија и вистински проекти за континуиран прогрес и развој не само за образованието и младите во Република Македонија туку и во секој сегмент од нашето општество. Меѓутоа им препорачуваме да го земат и отчетот за реалзиција на програмата на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија за 2016 за да видат кој се мерки за граѓаните и државата се спроведени од ВМРО ДПМНЕ и за кои се дава отчетност. Ќе видат дека невработеноста е најминимална со 24 проценти, а наследена со 38, 7 проценти во 2005 година.Ќе ги видат родителите на младите лица за кои тие зборуваат како ги отпуштаа од работа. Ова се факти, а вакви несоборливи факти има во секоја област, во секоја пора на општеството и всушност ова е разликата помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ и ова е вистинскиот вистински приказ како ВМРО ДПМНЕ преку реализација на проекти докажува на дело како се сака Македонија. Граѓаните јасно ја воочуваат разликата и веќе во подолг временски период ја даваат подршката на ВМРО ДПМНЕ. Тоа несомнено ќе биде така и овој изборен циклус.“ – се вели во реакцијата.
OhridNews