Процесот на спинување на прашања и избегнување на одговорноста што ја прави Општинската организација на СДСМ крајно лицемерна и кон политичките опоненти и пред се кон граѓаните на Охрид, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ испратена до медиумите.

-Во соопштението на СДСМ насочено кон ВМРО ДПМНЕ се кажува „крајно време е да престанете да се занимавате со минатото“. Дали оваа реченица според вас значи дека веќе сте се амнестирале од се она што сте го спроведувале за цели осум години додека СДСМ беше на власт во Општина Охрид? Верувајте, граѓаните на Охрид ја бараат одговорноста што треба да се спроведе се со цел докажување на мрачниот период во кој  Локалната самоуправа беше управувана од  СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму апелираат политичката борба да се води исклучиво врз база на факти и издржани податоци, а не врз неиздржани фрази.

-Повеќе од  јасно е домаќинското работење на градоначалникот Бакрачески и Локалната самоуправа како и на ВМРО ДПМНЕ. Впрочем тоа најдобро е прикажано во отчетот на градоначалникот. Тука се сите реализирани проекти но и проекти за кои се направени сите потребни спецификации за нивно отпочнување. На ВМРО ДПМНЕ и на граѓаните на Охрид  им се познати вашите ставови кон значењето на поимот отчет, бидејќи добро се сеќаваме дека од СДСМ не видовме отчетност пред граѓаните на Охрид и оттаму сосема е разбирлива вашата инфериорност кога станува збор за отчетност, велат членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потенцираат дека на минатиот прес ја запрашале СДСМ неколку прашања и тоа: Колкави средства се потрошени за службени патувања во периодот од 2005-2013 година март месец? И за кои цели биле спроведени овие патувања?

-Колку средства за репрезентации биле потрошени во периодот од 2005 до 2013 година март месец. Или повторуваме, доколку Ви е тешко да одговорите за цели осум години, тогаш дадете отчет за потрошени средства за репрезентации само за првото тромесечие од 2013 година. И токму кога граѓаните на Охрид, пошироката јавност и ВМРО ДПМНЕ очекуваше соопштение со одговор на овие прашања СДСМ излегува со спинувани фрази. Токму тука се согледува  несериозен однос кој впрочем можевме да го согледаме и во период од  цели осум години кој го имавте кон граѓаните и градот  Охрид, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, со доаѓањето на градоначалникот Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ започна еден нов период на препород на градот Охрид. Период на намалување на затекнатите милионски долгови на градот Охрид, спроведување на ефикасна администрација, уредување на урбаниот хаос наследен од  времето на СДСМ.

OhridNews