Општинскииот комитет на ВМРО ДПМНЕ,  со соопштение реагира на, по втор пат, изнесените обвинувања од општинската организација на СДСМ, во врска со вработувањето на сопругата на новиот претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ.

– Лагите се единствено нешто што знаат во СДСМ. Сопругата на претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид има известување за засновање на работен однос од 24.12.2009 година , речиси два месеци пред назначувањето на претседателот на ОК во Охрид.- се вели во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид, како одговор на обвинувањето на политичкиот ривал дека новиот претседател на општинскиот комитет експресно го искористил назначувањето на оваа функција за да ја вработи својата сопруга на подобро работно место.


Ohridnews