Проектите кои беа ветувани и досега требаше да бидат завршени, сега повторно се ветуваат како проекти од круцијално значење за Охрид и охриѓани. Лицемерно е што откако се кажа датум за предвремени избори, градоначалникот Георгиески се пушти во теренска обиколка низ градот, но за жал не на обиколка на дивоградби, велат од општинската ВМРО ДПМНЕ.

  • Господине Георгиески проектите досега требаше да бидат завршени и наместо да ја лажете охридската јавност дека предвидено било да започнат пролетта 2020 година требаше да кажете дека вкупно скративте 4.000.000 денари за поплочување и одржување на тротоари и улици со ребалансот на буџетот на општина Охрид. Охриѓани треба да знаат дека ги скративте средствата за реконструкција на улиците „Македонски просветители“ и „Абас Емин“. Не ги потценувајте жителите на улицата „Абас Емин“ и целата Урбана заедница зато што знаат дека не го решавате нивниот проблем, туку непотребно трошите пари на крпење ударни дупки, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму, обвинуваат за давање лажни ветувања поради изборите, а дека реалноста е дека ,,Абас Емин” остана без водоводна мрежа и фекална и атмосферска канализација.

OhridNews