Од општинската ВМРО ДПМНЕ со обвинувања до СДСМ и градоначалникот за недоволна грижа за културното и духовното богатство на Охрид.

  • Со СДСМ и градоначалникот Георгиески правиот пат значи кратење на два и пол милиони денари за реконструкција на домовите на култура во Љубаништа, Кошишта и Радојца Новичиќ. Охрид и светот нема да видат Монографија за градот и промоција на културно историско наследство и природни убавини на Охрид. Зошто се кратат средства за издавање Монографија за црквата „Свети Јован Богослов-Канео”? Зошто нема поддршка и развој на филмската уметност преку Францускиот филмски фестивал и Балканскиот филмски фестивал? Санацијата и одржување на споменици ќе почека подобри времиња. Зошто ги кратите средствата за поддршка на литературни изданија посветени на Охрид?, прашуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму, додаваат дека СДСМ крати средства за поддршка на млади и издавање научни и литературни дела за значајни охридски  културни, историски и научни дејци, за литературна дејност за поддршка на млади литературни автори и поддршка на литературни изданија на роднокрајните писатели и дека не се води грижа за промоција на културното наследство на Охрид и за издавачката дејност.

OhridNews