-Кога станува збор за ЈП Билјанини извори, претпријатие кое е наследено со околу шеснаесет и пол милиони денари долг, од кои шест и пол милиони денари треба да се платат до 25 јуни за неподмирени сметки за струја, пет и пол милиони денари да се платат за вработените за четири заостанати плати и уште неколку милионски суми по различни основи долгови кои се направени во времето кога Боро Шајн бил на чело на претпријатието а за кого СДСМ и нејзините политички сателити заедно со нивните претседатели леат крокодилски солзи, треба да знаат дека на Боро Шајн му е дадена можност чесно да си ја заработи својата плата. Боро Шајн е човекот на кој што од Локалната Самоуправа му беа дадени на стопанисување градските паркинзи а тој се дрзна на еден невиден начин истите тие да ги предаде во владение на поединци во градот кој што им се добро познати на пошироката јавност за да ги полнат своите џебови на сметка на граѓаните и туристите кои го посетуваат нашиот град.-се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Оттаму велат дека враќањето на надлежноста на ЈП Билјанини извори над паркинзите е прв чекор кон спречување на криминалот и корупцијата и незаконското полнење на приватните џебови блиски до СДСМ и нивните политички сателити, додавајќи дека ако сакаат да знаат како домаќински се работи треба се огледаат на сегашното раководство на ЈП Билјанини извори кое ги намали паушалите и на Управниот и на Надзорниот одбор, а не да им пречи тоа што некој бил распределен да работи како наплатувач на паркинг.
-Наместо СДСМ со нивните политички сателити да им се извинат на граѓаните за сите зулуми и штети што им ги направија преку Александар Петрески и од него поставените директори на јавните претпријатија, тие без срам бранат поединци кој што го уништија градот, се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ.