СДСМ уште еднаш докажа дека не го интересира ниту народот, ниту државата. СДСМза да дојде до власт не само што ја прифати Тиранската Платформа туку грубо го прекрши Уставот, законот и Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. На 27-ми април СДС ја силуваше волјата на граѓаните и го оневозможи правото на дискусија на нивните демократски избраници и надвор од сите процедури се обиде да си избере спикер на Тиранската платформа, велат од ВМРО ДПМНЕ.

– Криминалецот Зоран Заев издаваше наредби за да се пука во Собранието на Република Македонија. Издаваше наредби да се пука во македонскиот народ, народ кој си ги брани државните и националните интереси. За ова криминалецот Зоран Заев мора да одговара. Македонската јавност во последниот период е сведок како криминогениот СДС се обидува во најкраток можен рок да ја прошверцува Тиранската Платформа, не бирајќи начин и не размислувајќи на можните последици. Криминогениот СДС изврши обид за државен удар, преку газење на Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. СДС ја погази демократијата со обидот нелегално да го прогласи Талат Џафери за Претседател на Собранието на Република Македонија. СДС мора да одговара, бидејќи политичко насилство што го изврши резултираше и со физичко насилство, велат од ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews