Локалната власт воопшто не работи, и тогаш кога вели дека работи тоа е непосветено, неодговорно и недомаќинско работење на оваа власт предводена од СДСМ. Откако се скратија огромни средства за капитални инвестиции со претходниот ребаланс сега уште еднаш на последната седница на Советот тоа се потврди со донесувањето на одлука за ребаланс на Буџетот на општината за 2019 година, знаејќи дека тој буџетот е бесперспективен, велат од општинската ВМРО ДПМНЕ.
Лажната фарса со рушење на дивоградбите и грижата за УНЕСКО излегува на виделина. Зошто не се искористени сите средства од претходниот тендер за рушење на дивоградби, а сега се отвора нов тендер и се издвојуваат дополнителни средства? Избори се ближат па затоа се скратени околу 6 милиони денари од образование, а се додаваат 2 и пол милиони денари за привремени вработувања во општина Охрид. Зошто скратените 1.600.000 денари помалку за реконструкција на објекти во основното образование, покрај пониските цени добиени на тендерите не се искористени понатаму во образованието?, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.
OhridNews












