
– На граѓаните на Охрид доста им е од неконструктивноста, незнаењето, немањето програма на СДСМ, доста им е од промоцијата на задолжување како вредност која ја усоврши СДСМ во Охрид, промоција на расипништвото како главно дело на СДСМ и немањето ни трошка грижа кон националните интереси што за жал со конкретни дела го покажа СДСМ и посебно нивниот кандидат за претседател, беше изнесено на денешната прес конференција.
Од ОК на ВМРО- ДПМНЕ додаваат дека Охрид е град ,а охриѓани граѓани кои знаеле и знаат да ценат кој каков однос има кон нив.
– Затоа оние кои му ја нанасоа најголемата економска штета и штета врз достоинството на Охрид ,немаат лице во Охрид да бараат поддршка затоа што сета поддршка што ја имале ја потрошија за свои интереси. Охриѓани јасно е дека нема да дадат поддршка за СДСМ кој е симбол на 8 годишно руинирање на Охрид, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека ќе се стремат Охрид да го вратат на стабилни основи.
OhridNews











