Денешниот прес на СДС претставува политички памфлет, во кој, како по обичај Алаѓозовски ја покажува својата елементарна некомпетентност за работите кои се обидува да ги коментира, се наведува во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ по изјавата на Алаѓозовски од СДСМ околу случувањата со културното наследство.

– СДС и Алаѓозовски немаат кредибилитет да говорат за заштита на културното наследство и унапредување на туристичкиот потенцијал на Република Македонија од проста причина што во време на нивното практицирање на власта не реализираа ниту еден единствен проект од оваа област. СДС не реализираше ниту еден проект за конзервација, реставрација и санација на ниту еден објект или локалитет од пребогатото културно наследство на Република Македонија, а истите беа оставени без никаква заштита со што стануваа лесна цел за дивите копачи, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Додаваат дека во врска со наводниот ризик за Охрид и некаква опасност од  губење на статусот град под заштита на УНЕСКО, Алаѓозовски и СДС повторно ги манипулираат граѓаните, спротивно на изјавите од официјалните лица на мисијатата на УНЕСКО дадени непосредно по нивната официјална посета на земјава во кои експлицитно се вели дека никогаш не станало збор Охрид да биде избришан од листата на УНЕСКО.