Од општинската ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека продолжуваат партиските вработувања и политички реваншизам од страна на СДСМ. Како што велат, Дамјан Манчевски јавно признал дека СДСМ ги прекинала привремените договори на вработените во јавниот сектор, и се распишале нови огласи за привремено вработување.
– Очигледно она кое го говореше и спроведе Манчевски сега се обидуваат да го спроведат во секоја клетка во нашето општество. Се бркаат партиски неподобните, тотална партизација! Неспособната антиреформаторска СДСМ продолжува со чистките и бруталната партизација во Охрид преку вработување на нивни партиски војници. СДСМ продолжува со својата политичка одмазда и во континуитет брка луѓе од работа, како што всушност и одамна најави партискиот лидер Зоран Заев дека „ќе јаде живи луѓе“ и „ќе брка од работа од чистачка до министер“. СДСМ со партизација го урна угледот на полицијата, без работа ги остави осум од вкупно 20 припадници на резервниот состав при Министерството за внатрешни работи, ангажирани преку СВР Охрид, рече на денешната прес конференција, портпаролот и шеф на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Охри, Перчо Божиновски.
Божиновски побара одговор од СДСМ и СВР Охрид, официјално да објаснат зошто полициските резервисти се избркани од работа и зошто им кажале дека немало повеќе потреба од нив, а истовремено ангажирале други осум лица на нивно место. ПОбара одговор и на прашањето-Дали новите лица се со чисто криминално досие?
– Апсурдно е додека го раздолжуваат оружјето во ист момент новите осуммина резервисти се задолжуваат со оружје. Ако немало потреба од нив, тогаш како има потреба од други? Оваа власт е олицетворение на непотизам и нестручни кадри, активисти и партиски војници, роднини на функционери, претходно избркани од работа. Дали ова се прави поради лични интереси или пак станува збор за политички прогон? Полицијаците кои од 2015 година се вработени како резервен полициски состав поради негрижата на СДСМ сега се социјални случаи кои ќе живеат на работ на егзистенција, рече Божиновски.
ВМРО-ДПМНЕ бара надлежните институции итно да го испитаат случајот и да се изјаснат јавно, како што велат, дали ваквата постапка е одраз на чист политички прогон.
OhridNews











