
„Фатени во лага немајќи ни елементарно познавање на целосните процедури за одобрување на средства (кредит) од Светска Банка за еден проект појаснуваме, дека пред се еден проект треба да се осмисли, истиот да се одобри од министерството за финасии и според изработена физибилити студија да се аплицира за средства преку кои ќе се реализација проектот! Очигледно ни осумгодишното владеење не им било доволно да научат процедура за добивање на средства за проекти. Токму сега ни е јасно зошто во осумгодишното раководство на СДСМ со Охрид се достигнал врвот на задолженоста и нереазлизацијата на ниту еден проект нити пак имало обезбедување на кредити.“ – велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
Оттаму потенцираат дека градоначалникот Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ се во целост посветени кон обезбедување средства за реализација на предвидените проекти, но само по постапки пропишани со закон и начин кој е транспарентен.
„Прашуваме кој е тој проект или проектна документација што СДСМ ја доставила и врз основа на што се одобрил кредитот од Светска банка? Граѓаните и пошироката јавност бараат обелоденување на вистината.“ – потенцираат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
OhridNews











