
„Имено,само да потсетиме дека СДСМ во нивното 8 годишно владеење во Охрид не само што не направија ништо туку и го уназадија нашиот град. Позади нивното владеење оставија милионски долгови, хаос во урбанизацијата, пренатрупана и неефикасна администрација и уште голем број други негативности. Укажуваме дека ни нивните пресови и безкруполозните лаги кои ги измислуваат секојдневно нема да не поколебат да одиме кон реализирање на дадените ветувања кон жителите на Охрид.“ – се соопштуваат од општинската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека ВМРО-ДПМНЕ од моментот на преземање на локалната власт на чело со градоначалникот Бакрачески, започнала со санирање на штетите кои СДСМ ги оставила кон Охрид.
„Започна со намалување на милионските долгови, кон ефикасност на администрацијата и кон целосно уредување на нашиот град. Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во Охрид се оди кон реализирање на дела кои очигледно им сметаат на СДСМ и затоа во најмала рака сметаме дека ваквите празни пресови се очајнички обид за внимание на кое охриѓани не потклекнуваат.“ – се вели во реакцијата на општинската ВМРО-ДПМНЕ.
OhridNews











