ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид го повикува министерот за култура Роберт Алаѓозовски се’ додека не се добие мислење од УНЕСКО да ги стопира градежните работи поврзани со Али-пашината џамија.

-Следејќи ја внимателно ситуацијата околу состојбите поврзани со Али-пашината џамија и изнесените ставови на граѓанското здружение „Совест“, ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид максимално ја дава поддршката за разјаснување и бара веднаш да се издејствува стручно мислење од УНЕСКО. Актуелниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и покрај јавно дадениот збор, дека Министерството ќе ги прекине градежните работи, ништо не презеде тоа реално да се оствари, па дрзнувајќи се, го менува мислењето и кажува дека не може тоа да го направи и не било во негова надлежност.
Надлежните иснтитуции, Управата за заштита на културното наследство како и Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да излезат на терен и веднаш да се вклучат во врска со активностите и изведувањето на градежните работи. – се вели во партиското соопштение.

Од ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид уште истакнуваат дека немаат ништо против заштитата на културното наследство, вклучувајќи ги тука и верските објекти од секоја вероисповед и нивно обновување, реставрација и конзервација, но тоа мора да се спроведе според Законот за заштита на културно наследство и според сите конзерваторски принципи за конзервација на еден објект.

OhridNews