Владејачката ВМРО ДПМНЕ изрази сомневање за бројот на новите членови од Охрид кои пристапиле кон СДСМ. Најголемата опозициска партија, вчера на свеченост што се одржа во х. „Ривиера“, објави дека партијата ја засилиле нови 400 членови. ВМРО ДПМНЕ не им верува.

– Во Охрид бевме сведоци на уште една промоција на лагата како единствено средство за политичка борба на СДСМ . Имено, во Охрид СДСМ тврдеше дека биле поделени 400 книшки на членови на СДСМ и тоа сето во една сала на хотелот Ривиера која сите  Охриѓани знаат дека не собира повеќе од 100 луѓе . За да биде лагата поголема на настанот присуствуваа луѓе кои веќе од поодамна се членови на СДСМ во Охрид ,па дури и луѓе донесени од други градови на Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ, според која во недостиг на идеи и коруптивно  практикувана  локална власт СДСМ продолжува  да лаже, а Бранко Црвенкоски не се менува.

OhridNews