– Корумпираноста , провизиите , становите , полните сметки се специјалност на луѓето од СДСМ и нивниот Градоначалник. Јавете се повторно на прес и кажете што сте направиле како СДСМ во Охрид. Секако во направеното однапред ви ги признаваме : урбаната деградација , многубројните лични станови во новите згради, пропаѓањето на јавните општински претпријатија, злоупотреба на парите на граѓаните на Охрид од општинскиот буџет, енормно богатење на членови на СДСМ од Охрид , вработување на роднините , еден куп кривични пријави кои послушници на СДСМ сеуште ги држат во фиоките. СДСМ како партија ниту некогаш го победила ВМРО ДПМНЕ во Охрид , ниту некогаш ќе го победи. На 5ти Јуни 2011 ќе бидат поразени и делегитимирани и СДСМ во Охрид и нивниот Шеф на изборен штаб. Затоа им порачуваме , веќе на 6- ти Јуни (понеделник) и СДСМ и нивниот шеф на Изборниот штаб во Охрид , поразени и делегитимирани веднаш да ги напуштат позициите и да се распишат и предвремени локални избори во Охрид, велат од ОК на ВМРО- ДПМНЕ.
ВМРО- ДПМНЕ: Сетете се на што личеше здравството кога го раководеше СДСМ
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com