
– Додека бесцелно ја замајуваат јавноста, очигледно се заборави каков притисок вршеше Народна како дел од власта заедно со нивните пулени СДСМ во Локалната самоуправа кон сите вработени во јавните претпијатија, како под присила ги наведуваа да гласаат за нив и под закана за отказни решенија демонстрираа сила. Силата на народот е токму она што се случи во саботата навечер пред општинската зграда, кога редици на граѓани со задоволство се потпишуваа за кандидатот за Претседател на Република Македонија од редовите на ВМРО ДПМНЕ, се наведува во реакцијата од ОК на ВМРО- ДПМНЕ.
OhridNews











