Додека министерот Оливер Спасовски и градоначалникот Константин Георгиески им замачкуваат очи на граѓаните, ситуацијата со дивоградбите не е помрдната од мртва точка, велат од општинската ВМРО ДПМНЕ.

  • Министерот за внатрешни работи Спасовски и Георгиески останаа вечно да бројат додека се утврди планот на динамика за уривање на дивоизградените објекти во Охрид. Дали Спасовски знае дека Георгиески како причина зошто не е започнато рушењето на дивоградби зборува дека токму од Спасовски нема поддршка? Спасовски е главен виновник за нарушената безбедност. Урбаната мафија поддржана од Георгиески никако да запре, затоа што корумпираното и партизирано МВР на чело со Спасовски е тотално парализирано, велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Додаваат дека нема проекти, нема капитални инвестиции, освен предизборни ветувања.

OhridNews