
„ВМРО ДПМНЕ со фрапираност и неверување ја проследи прес конференцијата на Претседателот Ѓорге Иванов.
ВМРО ДПМНЕ не се сомнева дека Претседателот Иванов секогаш имал чесни и добри намери и постапки, водејќи се од националните и државни интереси и идејата за национално помирување и единство, кое сметаме дека е секогаш потребно. Сепак во конкретниов случај би сакале да изразиме силно несогласување со оваа негова постапка.
Сметаме дека со овој потег, се оневозможува нашата воља и напор да се разобличат сите конструкции, лаги и манипулации, кои ни беа наметнувани и беа насочени кон нас како дел на едно однапред смислено сценарио.
Со многу работи со претседателот Иванов сме се согласувале и имаме високо мислење за него, затоа што секогаш се водел од државниот и национален интерес, но ова е прашање за кое имаме сериозни и длабоки несогласувања.“ – се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
OhridNews
Иванов прогласи прекин на сите судски постапки против политичарите во Македонија











