ВМРО ДПМНЕ која во најголема тајност ги чуваше имињата на кандидатите за пратеници, листата до Државната изборна комисија ја достави пред истекот на законскиот рок- 5-ти мај на полноќ.
Официјална потврда на имињата на охридските кандидатите на изборната листа на ВМРО ДПМНЕ во 5-та изборна единица се очекува во текот на утрешниот ден.
Претседателот на О.К. на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, Атанаско Михаилов, како што претходно соопшти партијата ќе го предводи Општинскиот изборен штаб.











