ВМРО-ДПМНЕ утврди уште осум кандидати за градоначалници за престојните локални избори, меѓу кои и за општина Вевчани, каде партијата на избори ќе оди со нов кандидат.

За градоначалничката фотеља на која седи Перо Илиески, инаку член на владејачката партија, ќе се бори приватниот стопанственик Цветомир Угриноски, информираа од ВМРО ДПМНЕ.

Останатите кандидати се:

    За општина Македонска Каменица, г. Дарко Митевски, актуелен градоначалник
    За општина Пробиштип, г. Тони Тоневски, актуелен градоначалник
    За општина Кратово, г. Мите Андоновски, актуелен градоначалник
    За општина Гевгелија, г. Иван Франгов, актуелен градоначалник
    За општина Маврово и Ростуше, г. Мукрем Мехмеди, актуелен градоначалник
    За општина Гостивар, г. Сашо Аќимоски, претсетадел на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Гостивар
    За општина Росоман, г. Стојанчо Лазов, актуелен градоначалник.

-При изборот на кандидатите за градоначалници се водеше сметка за нивната програма која тие ја нудат пред граѓаните која е во насока на подобрување и унапредување на стопанскиот и инфраструктурниот развој на нивните општини. Како вредносен критериум беше земен и личниот кредибилитет и досегашниот придонес за општината за која се кандидира.-соопшти ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews