Очигледното повторување на истите пресови и теми на СДСМ е непобитен факт за нивната безидејност. Истите пресови со различни говорници не ја прават и различна тематиката, тоа е основно правило кое треба да го знаат во Вашата политичка партија, се наведува во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во врска со денес одржаната прес конференција на кандидатот за пратеник во ИЕ 5 од СДСМ и коалицијата, проф.д-р Ирена Стефоска.

– Можеби кандидатот за пратеник од СДСМ, Стефоска ќе се одважи токму таа да даде одговори на претходно поставените прашања од наша страна, но и да ги констатира и образложи целокупната приватизација со која поголем дел од родителите на младите лица останаа без работа без можност за егзистенција. Од друга страна погледнете ги фактите и зборувајте со факти кога зборувате за младите и нивната невработеност кога од 2005 година со процент од 38, 7 денес процентот е рекордно намален на 24.  Во образовниот процес кој го споменувате се донесени капитални реформи и проекти, а токму преку нашата програма РЕАЛНО ќе има континуиран прогрес во образованието, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму, додаваат дека планот на СДСМ и коалицијата се докажува на дело со тоа што Македонија веќе две години ја држат во политичка криза и под постојана пресија. Но, дека на таквиот план за живот токму граѓаните на Република Македонија ќе пресудат кога целосната доверба ќе ја дадат за ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews