Сојузот за иднината се обидува да избегне одговорнист за штетите направени на Охрид, реагира на соопштението на советничката група на Сојузот на иднината, во врска со изнесените ставови за ЈП „Билјанини извори“.
-ВМРО ДПМНЕ секогаш застанувала и застанува единствено на страната на законитоста, почитувањето на законските норми и однесувањето во секоја од институциите. Впрочем битката за законитост и битката против злоупотребите на власта кои во енормен број се случуваа од поранешната власт на СДСМ и коалицијата во Охрид , беше препознаена од сограѓаните на 24 март оваа година. Ние продолжуваме со таквата битка водени од мотото дека со злоупотребите и беззаконието нема компромис.-се вели во соопштението.
ВМРО ДПМНЕ смета дека јавноста мора да биде информирана за злоупотребите кои, според оваа паритија, ги правела минатата власт на СДСМ и коалицијата на штета на Охрид, кој бил оставен во економски и административен хаос, како и за злоупотребите кои одредени членови на Советот на Општината од поранешното мнозинство, а сега во опозиција, ги правеле за лична корист или корист за свои бизниси или свои блиски роднини, а сето тоа на штета на Општината.
– Сето во меѓувреме се само обиди за затскривање и избегнување на одговорност на СДСМ кој го уништи Охрид и на функционери на коалицијата на СДСМ за кои практикувањето на власт во Општината беше гледано само низ призмата на личен интерес. – стои ,еѓу другото во соопштението на Прес центар на ВМРО ДПМНЕ Охрид.