Советникот од ДУИ во Охрид отвора Дивоградба, а неговата фирма се пријавува да руши дивоградби. Ова самоволие е намерно газење врз интелигенцијата на граѓаните, изјави денеска на прес конференција во Охрид Наум Стоилкоски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Заев најавува дека градењето на диво е сопрено, а негови градоначалници ги отвораат. Мерко беше и министер нели? Пред УНЕСКО предложија еден закон, пред пратениците во Собрание пратија друг. Тука градоначалникот прво вели немам капацитет за толку уривање, па се преброи на прсти! Толку од имплементацијата на препораките од УНЕСКО. Најавијауривање, а на тендерот им конкурира фирма која градела на диво. – рече Стоилкоски.

Стоилкоски рече дека објектот на советникот од ДУИ, е изграден на државно земјиште и во заштитен УНЕСКО појас.

Откако почна да ја гради во март годинава, никој воопшто не се ни обидел да ја спречи дивоградбата, само му е испратено решение од Општина Охрид за рок од десет дена сам да ги урне конструкцијата и платформата. Ене го цел објект изграден, Рамиз Мерко, екс министер на Заев му го отвори, а сега конкурира тој да рушел дивоградби! Каква дрскост каква неспособност каква навреда од кланот на власт. – додаде Стоилкоски.

Тој истакна дека вметнувањето на одредби со кои новиот Совет за заштита на културното наследство во Охридсиот регион треба да одлучува со Бадентер е спротивно на Уставот, а предлогот  во телото да членува и еден надворешен претставник на предлог на министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, е класично политизирање на тема која треба експерти да ја уредуваат.

OhridNews