Од општинската ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека актуелната локална власт не ги одржува спортските терени, кои се запуштени и обраснати со трева. Колкава е грижата за спортот и спортските терени на актуелната локална власт покажуваат спортските игралишта и терени во СРЦ „Билјанини извори“, велат од ВМРО ДПМНЕ.
– Наместо спортски терени полни со деца и младинци, тие пропаѓаат поради негрижа. ВМРО-ДПМНЕ изгради игралишта и терени по светски стандарди, а денес, за жал, овие игралишта се обраснати во трева и апсолутно никој не се грижи за нивното одржување. Секој викенд се одржуваат натпревари, на кои учествуваат деца од сите градови во земјава, со кои доаѓаат и нивните родители, кои за жал, не можат да пристапат до терените и да ги гледаат затоа што се спречени од високите треви и трње, обвинува Перчо Божиновски, шеф на центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
Оттаму со барање до директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска да се заложи за итно решавање на овој проблем, кој е сликата за Охрид!
OhridNews













