Од општинската ВМРО ДПМНЕ со критики до локалната самоуправа и сработеното на градоначалникот во изминатата година.
- Стојаноски без ниту еден проект со Ќе отчетот го потврди своето недомаќинско и неодговорно работење, вели Перчо Божиновски, шеф на Центарот за комуникации на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, единствено нешто што, како што вели, „Ќе градоначалникот“ успеал да го направи е неефикасното менаџирање на Општината со тоа што на сметка на проектите и решавање на секојдневните проблеми на граѓаните, свесно дозволил средствата за таа намена да бидат извршени од доверителите без претходно потпишани договори, а со парите на граѓаните има само враќање камати и долгови.
– Една година ветувања, но неостварени. Јавните претпријатија наместо високодоходовни претпријатија постануваат загубари. Нема нови градинки, болница, спортски сали, нов театар, кружен тек, затворен базен. Нема ништо од нови градинки, Болница, спортски сали, нов театар, кружен тек, затворен базен. Нема ни трага, ни глас од Младински културен центар, Дом за пенизонери. Нема асфалтирани улици, градење тротоари и патеки, нова водоводна и канализациона мрежа. Функционирањето на колекторскиот систем е во колапс, нема заштита на Студенчишкото блато, образованието е со антиреформи, здравството тоне, сообраќајот во хаос. Останаа само партиските вработувања и политички реваншизам. Листата на лаги е долга и го потврдува вашиот стил на неработење за кој Ви порачуваме „дела, а не зборови”, рече на прес конференција Божиновски.
OhridNews












