Како партија ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за референдум и никогаш не сме биле против бегалците, напротив ние сочувствуваме со нивната трагедија, но цврсто стоиме на ставот и порачуваме дека нема да дозволиме никој да носи одлуки без да го чуе гласот на народот. Најмалку да си игра со нашата судбина и судбината на нашите деца. Охрид е народот и народот е Охрид, стои во реакцијата на општинската ВМРО ДПМНЕ по денешната прес конференција на координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски.

– Престанете да ширите небулози дека грижа Ви се граѓаните, кога повеќе од јасно е дека приоритет се мигрантите бидејќи со Стратегијата се предвидува изградба на нови населби со цел трајно вдомување на бегалците во Охрид и Македонија добивајќи месечни исплати, нивно бесплатно образование, вработување и право за државјанство, како и вработување во државните институции и во јавниот сектор, се наведува во реакцијата.  

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ ги повикуваат советниците од СДСм да гласаат против населувањето мигранти, а не да бидат воздржани или да не гласаат.

– Со тоа ќе ја докажете грижата, а не штетата за охриѓани криејќи се дека некои прашања повторно не заслужуваат одговор. Стратегијата ја донесе Владата на СДС, комплетно нова стратегија со која се бара од Охрид можност за иградба на станбени единици. Тотално е неточно дека истото го прифатила и Владата на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи само од општина Сарај побара разгледување на можност за згриживање лица кои потекнуваат од косовскиот конфликт од 90-тите, а не за мигранти од Сирија, и конечно најголемиот факт е дека не изгради ниту еден објект за населување на мигранти, велат од ВМРО ДПМНЕ. Оттаму го упатуваат и прашањето-Дали интеграцијата на мигранти која се носи во 2017 всушност значи прекин на кризната состојба на крај од 2017 и повлекување на македонската Армија од граница со што по Нова година на мала врата се отвора Коридорот за транзит на мигранти?