– Немате ниту право ниту морал, а најмалку чист образ да излезете пред стружани, Вие кои заедно со вашиот лидер и сегашниот ваш коалиционен партнер и ја скроивте судбината на Струга заговарајќи поделба на територии и преселба на народи. Затворениот пливачки базен за кој го повикувате ВМРО-ДПМНЕ ниту се изградил во време на Љубчо Георгиевски, ниту пак најдовте сили за негова реконструкција,ниту стружани паметат барем еден проект реализиран од вашата партија. За разлика од вас, ВМРО-ДПМНЕ е партија која стои зад своите ветувања и ова ветување ќе го исполни исто онака како што пишува во изборна програма зад која застанаа граѓаните на Република Македонија и по седми пат ни ја дадоа довербата.Ние искрено жалиме што во вашите редови нема личност како што е пратеничката Затуроска, која на најдостоинствен начин, со бројни ангажмани и активности ја претставува нашата партија како во парламентот така и пред граѓаните на Струга, и се залага она што вашиот лидер успеа да го уништи, разнебити и да го одземе, повторно да го врати во светло кое Струга и нејзините грагани го заслужуваат, а тоа е спортскиот дух на Струга, токму преку изградба на објекти како затворениот пливачки базен, спортските сали, спротските игралишта и спортски манифестации, се наведува меѓу другото во реакцијата.