Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш да постапи по доставената претставка од страна на ВМРО-ДПМНЕ за судир на интереси со барање Комисијата навремено да реагира во однос на случајот со советникот Сашо Ставрески поради извршување на две функции истовремено, бараат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

  • Антикорупциската комисија треба веднаш да констатира состојба на судир на интереси кај советникот Ставрески бидејќи е член на Советот на општина Охрид и истовремено врши функција в.д. директор на ОУ „Григор Прличев“. Законот за спречување на корупција и судирот на интереси е јасен и дециден во член 44 став 2 за неспоивост на функции и дека во тој случај се губи статусот на член на советот. Зошто ваквата ситуација не е констатирана од претседателот на Советот на општина Охрид?, рече на денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.

Божиновски побара надлежните да одговорат-која е причината што не е свикана седница на советот на која ќе се констатира разрешувањето, посочувајќи дека советникот треба доброволно да се откаже од извршувањето на едната од двете функции кои во моментов ги извршува, со што ќе се отстрани состојбата на судир на интереси во која се наоѓа.

OhridNews