Највисокото партиско раководство на ВМРО ДПМНЕ синоќа ги разгледуваше кандидатските листи за пратеници кои се држат во најстрога тајност.
Партијата сеуште не ги соопштува имињата на кандидатите со кои ќе се обиде по трет пат да ја освои власта во земјата, најавувајќи дека тоа ќе биде направено кога листите ќе бидат доставени до Државната изборна комисија. Рокот за доставување на кандидатските листи истекува вечерва на полноќ.
OhridNews