ВМРО ДПМНЕ: Црвенковски покажа колку се грижи за македонскиот идентитет пред 17 години
25.05.12 00:45
ВМРО ДПМНЕ реагира на изјавата на претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски, дадена вчера во Охрид, во која тој поставувањето на споменикот на личност од антиката во очи празникот посветен на сесловенските просветители, го нарече контровезен потег, посочувајќи дека светите Кирил и Методиј се дел од македонскиот идентитет, кој почнал да се преиспитува со отпочнување на проектот Скопје 2014.
-Прашањето за идентитетот било составен дел од преговорите кој Црвенковски во изминатите години ги има водено, а тоа се гледа што во сите досегашни предлози на Нимиц беше предлаган назив за именување на народот и јазикот.Потсетуваме на еден клучен момент кога во 2005-тата година сегашниот Премиер, а тогашен лидер на опозицијата Никола Груевски го напушти состанокот за координација за еден од предлозите на Нимиц, тогаш актуелен. Во тој предлог на местото каде што требаше да се именува народот беше оставено празно место, а на местото за именување на јазикот стоеше македонски на латинична транскипција (“македонски”), наместо англискиот превод “мацедониан”. Тој предлог Црвенковски на крајот на состанокот изјави дека го прифаќа. Со тој гест, резултат на катастрофална проценка и самиот Црвенковски не знае да каже што добива Република Македонија. Колку Бранко Црвенковски се грижи за македонскиот идентитет покажа и пред од прилика 17 години, кога уставното име Република Македонија, во неговата меѓународна употреба го смени со таканаречената привремена референца ПЈРМ, која што тој велеше дека ќе трае 2 месеци, а трае веќе 20 години, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Според ВМРО ДПМНЕ индикативно е што Црвенковски сега не се оградува од предлогот на Љубчо Георгиевски и не го отфрла, туку само кажува дека ова било важно прашање. „Факт што и децата од основно школо го знаат. Ако беше важно прашањето за Црвенковски, зошто не го реши досега и зошто не паметиме негов јасен став по истото важно прашање?“, стои во реакцијата.
Од ноќеска на полноќ цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3 денари, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 6 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика Согла...
Вокално-инструменталниот состав ВИС „Билјана“ ќе го одржи својот традиционален годишен концерт вечерва во предворјето на катедралната црква „Света Софија“ со почеток во 20:00 часот Ова година по пе...
На 06092026 во 15:15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во периодот од 04 до 06092026 година, со употреба на алат и физичка сила, скршена е влезната врата во црквата „СвНикола“ во охридското село...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.