ВМРО ДПМНЕ, денешната прес конференција ја посвети на критика кон актуелниот претседател на ОО СДСМ Томислав Тунтев и неговата кандидатувра за пратеник.

„Во моменти кога од нив во најмала рака се очекува јавно извинување за се она што се направи со нивното уништување на градот Охрид, СДСМ упорно како да оди против народот со тоа што ги наградува личностите кои беа дел од тимот на СДСМ кој владееше во т.н мрачен период на Охрид. Типичен пример за тоа е кандидатот за пратеник од СДСМ од Охрид Томислав Тунтев.“-истакнаа од ВМРО ДПМНЕ.

Владејачката партија смета дека Тунтев бил еден од главните фактори за донесување на одлуки за Охрид во периодот од 2009- 2013 година, одлуки од СДСМ кои биле постулати врз самиот регрес на градот.

„Неговите функции како советник во Советот на Општина Охрид, координатор на мнозинската советничката група на СДСМ како и функцијата Заменик градоначалник му давале големо влијание врз она што значи управување со Охрид сепак какви биле Одлуките и начинот на управување со градот, тоа најдобро можеме да го согледаме денес, кога Охрид е наследен со милионски долгови, кога јавните претпријатија исто така беа наследени во катастрофална финансиска состојба, со урбан хаос и уште многу други негативности. И токму поради тоа бараме морална одговорност од довчерашниот висок функционер на Локалната самоуправа Охрид, а денешен лидер на Општинската организација на СДСМ и најверојатно пратеник во идниот состав на Собранието на Република Македонија… и прашуваме што е тоа што е впечатливо во неговата политичка кариера за градот Охрид па го наградуваат со високи партиски функции? Што Томислав Тунтев направил за градот Охрид?“-прашаа од ВМРО ДПМНЕ. 

Од владејачката партија уште го прашаа Тунтев дали знаел за долгот на градот Охрид и на јавните претпријатија и дали се обидел согласно неговите ингеренции да го спречи ваквото финансиско тонење на градот Охрид и дали во јануари 2013 година во предизборен период кога и покрај тоа што знаел дека администрацијата е пренатрупана и гломазна и кога знаел дека и општината и јавните претпријатија се во финансиски колапс, се ангажирале ни помалку ни повеќе туку 320 нови лица, како и тоа која била нивната намена и кој бил ставот на Тунтев во однос на свесното пренатрупување на општинската администрација?

-Да е хипокризијата и лицемерието најголемо, денес се обидува да се спинува одлуката на ЈП Билјанини извори за набавка на електронска опрема по пат на ЈПП па прашуваме дали како заменик градоначалник и координатор на мнозинска советничка група се спротивставил на одземањето на паркинзите од истото претпријатие и давање под концесија на приватна фирма за минорна сума на средства за цели пет години?
Дали Тунтев ги знаел потрошените средства за репрезентации и службени патувања во периодот 2005-2013 година? -прашаа од ВМРО ДПМНЕ, посочувајќи дека кандидатот за пратеник Тунтев сноси одговорност за состојбите во кои се нашол Охрид.

Од друга страна, истакнаа од владејачката партија, кандидатите за пратеници на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, градоначалникот Бакрачески и Локалната самоуправа во целост се насочени кон враќање на сјајот на градот Охрид.

OhridNews