Од таму, денес, уште еднаш потенцираа дека би било добро доколку општина Охрид учествува во изградбата на Свети Климентовиот Универзитет на Плаошник преку учество во уредувањето на градежното земјиште, односно преку ослободувањето на инвеститорот од плаќање комуналии. – Тој процес не е во никаква врска со барањето на општина Охрид за кредитно задолжување. Парите за комуналии, доколку Владата би ги платила, би отишле во дупка, затоа што заради сите проблеми кои ги има општината поради долговната политика, тие средства ниту некаде би биле пласирани, ниту пак видени од страна на јавноста. Секако дека секој прилив за општината е добредојден, но во овој случај тоа би било само фрлање пари во дупка, рече на денес одржаниот прес во ОК на ВМРО- ДПМНЕ, координаторот на советничката група на оваа партија во советот, Дејан Паноски.
Инаку, градоначалникот Александар Петрески неодамна посочи дека општината може евентуално да ја разгледа можноста за делумно ослободување на државата од плаќање комуналии за проектот „Плаошник 2014“, доколку Владата покаже добра волја и и овозможи на локалната самоуправа да земе кредит за подмирување на долговите наследени од периодот кога со градот раководеше ВМРО ДПМНЕ.
OhridNews