– Објаснувањата за поскапувањата на цената на водата се ноторна лага и имаат сосем друга заднина. Петрески е седум години градоначалник и зошто досега не ја поскапи водата ако со тоа беше обврзан поради склучени договори, туку тоа го прави сега. Причините се подготовките за продажба на МЈП Проаква, кои градоначалникот ги прави заедно со колегата од општина Струга за продажба на приватен партнер со тоа што ќе му овозможат за 20% поскапа вода, отпуштање на вработените во јавното претпријатие како идниот партнер би можел да избира со кого ќе работи. Ова е класична форма на договарање против интересите на граѓаните, рече Михаилов.
Како што потенцира претседателот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, лага се и објаснувањата околу поскапувањето на цената за одведување на отпадни води.
– Причината е иста- подготовки за продажба и покривање на трошоците кои ги прави менаџментот на јавното претпријатие за потрошени средства за репрезантација и мобилна телефонија. Петрески и неспособните директори, својата неспособност сакаат да ја покриваат со пари од граѓаните, рече Михаилов.
Тој запраша, ако поскапувањето на комуналните услуги се објаснува со поскапувањето на нафтата, тогаш зошто комуналните услуги пред три години, кога цената на нафтатата се намалила за 30%, не дошло и до намалување на цената на комуналните услуги за 30%.
Советниците запрашани, зошто вчера ја напуштија седницата и не ги сослушаа аргументите на мнозинството, со одговор: