Од општинската ВМРО- ДПМНЕ пристигна реакција во врска со вчерашната прес конференција која ја одржаа раководителите на одделенијата и секторите при општина Охрид.

Конечно после низа на пресови и теми на едно место испровоцирани ги видовме сите оние кои земаат од Охрид, а ништо не му дале, сите оние кои урбано го деградираа Охрид, сите кои туристички го демотивираа Охрид, сите кои културно го уназадија Охрид, сите кои буквално го злоупотребија Охрид во свои лични цели. Во таа слика недостигаа главниот и уште неколку ликови. Тоа беше слика без тон, без конкретни одговори со обични манипулации во стил на  маалски манипулатори. На таквата слика не е потребен коментар. Порачуваме само нека остане таа слика врежана во мислите на граѓаните на Охрид, за да паметат засекогаш кој го уништува Охрид, стои во реакцијата на ВМРО- ДПМНЕ.

OhridNews