ОК на ВМРО- ДПМНЕ , вчерашното доделување на признанието-Балканска престолнина на културниот туризам за 2010, го нарекува траги-комична игра  во која главните ликови без тронка срам се облекле во смешна облека и започнале меѓусебно да си се фалат колку „многу“ придонеле за развојот на културниот туризам во градов.

Од ВМРО- ДПМНЕ го прашуваат градоначалникот дали е вистина дека годинава ниту еднаш не ја посетил најзначајната институција- фестивалот „Охридско лето“ и дали е вистина дека за време на свеченото отворање , наместо меѓу публиката, Петрески седел во ресторан до  Античкиот театар.

OhridNews