Функционерите на СДСМ во Општина Дебрца сред пандемија се луксузираат со скапи пијалаци, обвинува ВМРО ДПМНЕ. Градоначалникот Ногачески кој ветуваше дека ќе ги намали непродуктивните трошења, склучил договор за набавка на прехрамбени продукти и пијалоци во висина од 251261денари, велат од опозициската партија

  • Ногачески набавува виски за цена од 7200 денари, потоа набавува бело вино за цена од 2505 денари, црвено вино за цена од 2505 денари, потоа бренди (коњак) кој не е обичен туку мора да има алкохол од 36% за невероjатна цена од 900 денари по шише или вкупно 18000 денари, ликер за вкупно 4000 денари… – се наведува во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ Дебрца.

Партијата смета дека народните пари во Дебрца се трошат спротивно на ветувањата и најави обзнанување нови информации за тоа.

OhridNews