– Оваа спортска сала е изградена со средства на граѓаните на општина Охрид слеани во буџетот на Општината. Се поставува прашањето, во кое својство Претседателот на политичката партија СДСМ, Бранко Црвенковски се појави при сечењето на свечената лента на спортската сала во Пештани, Охрид. Впрочем, тоа е лицето Бранко Црвенковски којшто Охриѓани многу добро го паметат по неговата улога во уништувањето на стопанските субјекти во Охрид со спроведената криминална приватизација. Дали овај чин од негова страна претставува недостаток на идеи и барање на можности за средба со граѓаните? – прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com