Случајот со Диме Спасов е класична криминално – полициска местенка. Сега секому му е јасно дека СДСМ го бараше министерството за внатрешни работи заради реализација на ваквите местенки и злоупотреба на полицијата во партиски апсолутно партиски цели, рече на прес конференција Драган Донев од ВМРО ДПМНЕ.
„Чаушите во СДСМ на чело со аболицираниот Заев одамна го окупираа СДСМ. Аболицираниот Зоран Заев наметнува политика која се базира на местенки, насилства и подметнувања. Чаушите во СДСМ на чело со аболицираниот Зоран Заев проценија дека треба да се склучи пакт со криминалците кои го нападнаа министерот Диме Спасов, да се прикрие нивното насилство и да се организира медиумски линч на Диме Спасов. За реализација на ваквото сценарио беше задолжен токму оној кој не успеа да ја прикрие Фабриката за афери на Захир Бекири – Чауш, генералниот секретар Оливер Спасовски, кој аболицираниот Заев го постави за технички министер во МВР. Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски не беше сам во оваа конструкција. Тој го ангажираше партискиот послушник Примислав Димовски и неговите соработници во алфа единицата за изведување на оваа операција. Тие беа на иста страна со криминалците додека вперуваа оружје кон министерот Диме Спасов.“ – рече Донев.
Тој рече дека после снимките кои вчера излегоа во јавноста никој во земјава не се чувствува безбедно.
„Сите видоа дека веќе нема полиција, додека СДСМ раководи со министерството. Сите видоа дека криминалците и луѓето на Оливер Спасовски повторно се на иста страна. Сите видоа дека за сопствената безбедност мора да се грижат сами, бидејќи фокусот на СДСМ и нивниот генерален секретар е конструирањето афери, монтирањето случаи и соработката со криминалци. Се наметнува прашањето кого следи полицско – криминалното подземје на СДСМ и кој е следната жртва што ќе ја одберат.“ – додаде Донев.
OhridNews