Секојдневните напади кои ги демонстрира ОО СДСМ преку разни соопштенија, реакции и пресови, при тоа потпирајќи се на невистини и лаги, ја покажува нивната слабост, се наведува во реакцијата од општинската ВМРО-ДПМНЕ во врска со изнесените обвинувања од ОО на СДСМ за партиски реваншизам и притисок врз државните службеници од Охрид.

– Локалната самоуправа предводена од градоначалник кој е од редовите на ВМРО ДПМНЕ, има внатрешна структура и администрација која има за цел на поефикасен начин да ги спроведува зацртаните планови и проекти. Работата и внатрешното систематско прераспределување на вработени лица е работа за која е надлежна само Локалната самоуправа. Со оглед дека СДСМ соопштението го упатува кон ВМРО ДПМНЕ, дали со тоа покажува дека секое вработување кое се направило во осумте години нивно владеење поминувало преку  партиските структури на СДСМ ?, прашуваат од општинската ВМРО- ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека наведувањето на фактот дека ВМРО ДПМНЕ спроведува свои редовни партиски активности и дека секогаш е меѓу граѓаните и во нивна функција, е фрустрација на СДСМ која ја лечат со смешни соопштенија.

– Прашање е кој е виновен за тоа што СДСМ нема активности со граѓаните? Кој е виновен што СДСМ е во раскол? Кој е виновен што за високи партиски функционери на СДСМ е мизерно да се борат за интересите на граѓаните според нивни лични изјави на седница на Советот? Кој е виновен што СДСМ при свои партиски средби неможе да наполни ни една сала на Центарот за култура?, се наведува во реакцијата од ОК на ВМРО- ДПМНЕ.

OhridNews