
Ова се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на прес конференцијата на претседателот на СДСМ Зоран Заев, на која објави нов сет разговори, за кои тврди дека се доказ оти власта за да договори владина коалиција, се пазарела за хашките случаи.
„Законот за амнестија е донесен во 2002 година, а за него меѓу другите гласале и Бранко Црвенковски, Радмила Шеќеринска Јани Макрадули и Никола Поповски“, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека Заев за сите овие години бил нем и лојален поддржувач на штетните политики спроведени од неговата партија.
„Внесувањето на Македонија во истите стари сценарија е единственото нешто што СДСМ знае да го работи. Само преку креирање на конфликти и дестабилизација, сакаат да се доберат до власт. Тоа го правеле во минатото, а гледаме дека го прават и сега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
OhridNews
Извор:„Макфакс“












