Зоран Заев и денес потврди дека тој не е претседател на СДСМ и дека неговата партија ја раководи фондацијата СОРОС, Владимир Милчин, Бранко Геровски, Сашо Ордановски и Љубомир Фрчковски, реагираат од ВМРО – ДПМНЕ.
– Колку повеќе разбира дека му е пропаднато сценариото, толку станува понервозен. Неслучајно Заев, денес ги наброја невладините организиации кои работат за СОРОС, но и директно за СДСМ, па подоцна врз база на едно договорено сценарио, истите тие треба да излезат и да го потврдат тоа што тој го говореше и да се прикажуваат за жртви. Ова е крајно провидно и смешно сценарио кое се претвори во очаен обид да се спаси личната кариера на Заев, раководството на СДСМ и кариерите на платениците од СОРОС, велат од владеачката партија.
– Граѓаните на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби и Бошњаци, веќе сите гледаат дека целта на Зоран Заев е да ја наруши стабилноста на Македонија, да ги наруши мирот и меѓуетничкитеодноси,да предизвика штетни економски последици од неговото политичко дејствување. Но прочитан е и од меѓународната заедница кои го гледаат неговото темно сценарио, со кое сака да се добере на власт без избори и без поддшка од граѓаните. Стратегијата на Заев базирана на пишман изјави го покажаа неговиот личен капацитет и пред домашната, но и пред меѓународната јавност, реагираат од ВМРО – ДПМНЕ.
OhridNews
извор:„Телма“