Од општинската ВМРО ДПМНЕ со обвинување до локалната власт, за ненавремена исплата на платите на вработените во охридските градинки.

  • Дали за градоначалникот Константин Георгиески е во ред тоа што вработените во детската градинка ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ сѐ уште не ги добиле своите плати? Власта на СДСМ да објасни зошто не е испочитуван Законот за работни односи, според кој 15 во месецот е крајниот рок да се исплати плата за претходниот месец? Министерството за труд и социјална политика и министерката Мила Царовска ги оставија вработените без основната егзистенција за живот, велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму, упатуваат прашање до министерот за труд и социјална работа, Мила Царовска, зошто на почеток на годината плататата на група вработени во градинките, како што велат, им била намалена за околу 900 денари.

OhridNews