Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ Струга со порака до пратениците од Социјал демократскиот сојуз да не си играат парламент на отворено и како што оттаму велат, без Деловник и закон на Собрание, проповедувајќи пред граѓаните демагогија, лаги и измислици.

– Бидејки Бранко не го удостои Струга со пратеник од редовите на СДСМ ,го пуштил пратеникот Митре сам  да си поставува прашања и да си одговара на истите, во Струга пред триесеттина сопартијци. ВМРО-ДПМНЕ од Струга му порачува на г-динот пратеник да одговори на прашањата што навистина ги мачат стружани,било  во писмена форма или , преку медиуми,оставаме тоа да го направи  по негов слободен избор, велат од ОК на ВМРО- ДПМНЕ Струга.

Зошто СДСМ и Бранко во 2004-та година ги тепаа стружани ? Зошто Бранко ги затвори сите фабрики во Струга:  Стружанка, Борис Кидрич Струшка трговија, Единство, Струшко поле и други и оставајки илјадници луге без леб? Зошто СДСМ го гласаше деталниот урбанистички план за крајбрежието на Струга,кој според локалните моќници предвидуваше срамнување и разнебитување на сите спортови кои со децениии опстојуваат на овие простори во срцето на Струга?, се прашањата кои од струшката ВМРО- ДПМНЕ ги упатуваат до пратеникот Митре Велјаноски.

OhridNews