И по една недела од најавата рампите за влез и излез во стариот дел на градот кај Горна порта не функционираат, обвинува опозициската ВМРО ДПМНЕ.
Единствената главна инвестиција на Георгиески и локалната власт за сите четири години се рампите и нивната нефункционалност иако беше најавувано дека ќе функционираат од 1 јули. Власта повторно создава хаос во сообраќајот и паркирањето како за жителите така и за туристите кои престојуваат во Охрид. – се вели во партиската реакција.

OhridNews











